ЛОИ-КОШАРКА: Србија не можеше против Франција, „триколорите“ ја освоија бронзата

Кошаркарите на Франција ја совладаа Србија во натпреварот за бронза на Олимписките игри. Со вкупен резултат од 91-76, „триколорите“ го завршија настапот на ЛОИ на третото место.

Првото полувреме беше многу изедначено. Кај Франција особено расположена беше Сандрин Груда, која многу брзо броеше до двоцифрен број на поени. Србија имаше проблем во ударот за три поени, но и во бројот на фаули. Сепак, Србинките во игра ги држеше Ивон Андерсон, па по првото полувреме резултатот беше 43-40 за Франција.

Третата четвртина беше проблематична за Србија, која доживеа голем пад. Шутевите за тројка не влегоа додека Французинките играа лесно, погодија од далечина и тоа им донесе дури 19 дополнителни поени.

До крајот на мечот Србија успеа да направи серија од 12-0 и да ја намали разликата, но „триколорите“ брзо се вратија во игра и повторно ја зголемија предноста. Во листата на стрелци кај Србија доминираше Ивон Андерсон со 24 постигнати поени, додека кај Франција се истакна Габриел Вилијамс со 17.

Се вчитува...