ЛОИ – ОДБОЈКА: Аргентина го елиминираше САД, „картите“ и се поклопија на Канада

Последниот ден од групната фаза на одбојкарскиот турнир на Летните олимписки игри не донесе големи воздудувања, а по него и конечно се познати патниците во четвртфиналето.

Еден од нив нема да биде САД кој со поразот од Аргентина со 3-0 (25-21, 25-23, 25-23) се враќа дома со две победи во првиот дел од натпреварувањето. Аргентинците пак следната фаза ќе ја започнат од третата позиција зад Русија и Бразил.

Место во следната фаза избори и домаќинот Јапонија кој денеска славеше над Иран со 3-2 (25-21, 20-25, 29-31, 25-22, 15-13), додека Италија ја потврди добрата форма со победа од 3-0 (25-22, 25-15, 25-17) против Венецуела.

Се вчитува...