ЛОИ – ОДБОЈКА: Франција ја победи жилавата Полска и го завери пласманот во полуфинале

Репрезентацијата на Франција по тешка и мачна борба успеа да ја победи одбојкарската селекција на Полска, па на овој начин обезбеди пласман во полуфинале, откако ја завери победата од 2-3 по сетови (21-25, 252-25, 25-21, 21-25 и 9-15).

Французите не го отворија најдобро мечот, па забележаа негатива од 1-0 по првиот сет со 21-25. Сепак, следуваше возбудлива игра и интересен меч кој понуди вистинска борба, најпрво Франција изедначи и за момент се врати во натпреварот, но брзо возвратија и полјаците, одлучувачкиот период се одигра во последниот петти сет, во кој Франција дојде до тешка но историски значајна победа.

Во полуфиналето одбојкарите на Франција за противник ќе ја имаат селекцијата на Аргентина.

Се вчитува...