ЛОИ – ОДБОЈКА: Ј. Кореја ја изенади Турција, САД рутински против Домениканска Република

Јужна Кореја го приреди досега најголемото изненадување на женскиот олимписки турнир во Токио откако во четвртфиналето во маратонски меч славеше над големиот фаворит Турција со 3-2 по сетови 17-25, 25-17, 28-26, 18-25 и 15-13.

Турчинките на одличен начин го отворија мечот добивајќи го првиот сет со 25-17. И кога се мислеше дека само рутински ќе стигнат до полуфинале на игрите следуваше огромен пад. Прво Кореја со иста мера возврати во вториот сет, а потоа во третиот славеше на разлика 28-26 и дојде до водство од 2-1. Следеше одговор на Турчинките во четвртиот сет кој го добија 25-18, а во тај-брејкот повеќе умешност и среќа имаа Корејките за полуфинале на игрите во Токио.

Во вториот натпревар од денешната понуда Соединетите Американски Држави рутински славеа над Домениканска Република со 3-0, по сетови 25-11, 25-20 и 25-19.

 

Се вчитува...