ЛОИ – ОДБОЈКА: Моќната Србија преку Италија до полуфинале

Одбојкарската репрезентација на Србија го одигра најдобриот натпревар на олимпискиот турнир каде во четвртфиналето ја прегази Италија со 3-0, по сетови 25-21, 25-14 и 25-20. Натпреварот кој требаше да биде дерби на четвртфиналето, на крајот беше едносмерна улица на страна на Србинките.

Тијана Бошковиќ со 24 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Паола Огечи Егону заврши со 16 поени.

Во полуфиналето Србија ќе игра против Соединетите Американски Држави.

Се вчитува...