ЛОИ – ОДБОЈКА: Русија и Бразил рутински до полуфинале

Русија и Бразил си закажаа меѓусебен дуел во полуфиналето на одбојкарскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио откако лесно со максимални 3-0 славеа над Канада, односно Јапонија.

Русите ги добија Канаѓаните со 3-0 по сетови (25-21, 30-28 и 25-22). „Зборнајата“ имаше проблем само во вториот сет кој мораше да го добие на разлика, додека без поголеми проблеми славеше во првиот односно третиот. Дмитри Волков со 15 поени беше прво име кај победникот, додека со еден помалку го следеше Максим Михаилов. Кај Канада 15 поени запиша Џон Гордон Перин.

Бразил уште полесно и од Русија над Канада славеше во мечот против домаќинот Јапонија со 3-0 (25-20, 25-22 и 25-20). Јапонците направија максимум со самиот пласман во четвртфиналето така да не можеа да направат ништо повеќе против големиот фаворит.

Се вчитува...