ЛОИ – ОДБОЈКА: Русија и Канада, Полска и Франција како дел од четвртфиналето во Токио

Последниот ден од групната фаза на одбојкарскиот Олимписки турнир во Токио ни ги даде и последните патници во четвртфиналето, а со тоа и официјалните парови кои ќе се борат за место помеѓу најдобрите четири селекции во светот.

Четвртфиналните парови се:

Русија – Канада
Полска – Франција
Италија – Аргентина
Јапонија – Бразил

Русија и Полска влегуваат во следната фаза како првопласирани екипи од своите групи и со блага фаворизација во однос на Канада и Франција, додека неизвесни дуели се очекуваат во останатите парови.

Натпреварите помеѓу овие репрезентации ќе бидат одиграни на 3. август.

Се вчитува...