ЛОИ – ОДБОЈКА: Сензација во Токио, Аргентина преку Италија до полуфинале

Репрезентацијата на Аргентина е третиот полуфиналист на одбојкарскиот турнир во машка конкуренција откако во четвртфиналниот трилер меч славеше над Италија со 3-2, по сетови (21-25, 25-23, 25-22, 25-14 и 15-12).

Италијанците одлично го отворија мечот добивајќи го првиот сет со 25-21. Сепак, следеше голем пад во играта на „аѕурите“ кој одлично го искористи Аргентина успевајќи да ги добие следните два сета и да поведе со 2-1. Италија го доби четвртиот сет со убедливи 25-14 и го одведе мечот во тај-брејкот. Аргентина одигра неверојатно во последниот сет и стигна до полуфинале.

Претходно денеска рутински победи забележаа Русија над Канада и Бразил над домаќинот Јапонија.

Се вчитува...