ЛОИ – ОДБОЈКА: Убедлив триумф на Бразил над Јужна Кореја за место во финалето

Женската одбојкарска репрезентација на Бразил ќе игра во финалето на Летните олимписки игри во Токио откако славеше во полуфиналениот натпревар против Јужна Кореја со убедливи 3-0 со што закажа дуел против фаворизираните одбојкарки на САД.

Бразилките беа доминатни на денешниот натпревар. Првиот сет го добија со 25-16, а со оваа разлика славеа и во следните два сета, притоа недозволувајќи им ја репрезентативките на Јужна Кореја да се надеваат на победа.

Во натпреварот за бронзениот медал Јужна Кореја ќе се сретне против репрезентацијата на Србија.

Се вчитува...