Лојд Пирс е нов тренер на Атланта хоукс

Довчерашниот асистент во стручниот штаб на Филаделфија, Лојд Пирс, е именуван за нов тренер на Атланта хоукс.

Пирс на клупата на Атланта доаѓа како замена за Мајк Буденхолцер потпишувајќи тригодишен договор, со опција за продолжување на уште една.

„Лојд е идеално решение за нас. Ги исполнува сите услови. Убедени сме дека успешно ќе го води тимот“ – изјави генералниот менаџер на Атланта, Тревис Шленк.

И самиот Пирс не го криеше задоволството од првиот самостоен тренерски ангажман…

„Чест е да се биде тренер на Атланта. Ова е денот за кој работам цела кариера“ – рече Пирс кој во минатото, освен во Филаделфија, како помошник работеше и во Мемфис, Голден стејт и Кливленд.

Се вчитува...