Локалните избори го одложија и кошаркарското коло

Откако веќе од претходно беше познато дека натпревари во ПМФЛ нема да има викендов поради Локалните избори во Македонија, тие го одложија и следното коло во кошаркарскиот шампионат.

Наместо викендов третото коло од Суперлигата ќе се одигра наредната седмица, поточно на 21, 22 и 24 октомври.

Во вторник ќе играат Чаир – ТФТ, Кожув – Гостивар и Работнички – Тиквеш. Ден подоцна ќе се сретнат Куманово и Феникс, а колото ќе се затвори со дуелите меѓу Пелистер – Маџари и Ангели – МЗТ Скопје на 24. октомври.

 

Се вчитува...