Лопетеги во Вест Хем носи и „проверен“ напаѓач

Вест Хем Јунајтед престојното лето ќе добие нов изглед со заминување на Дејвис Мојес и ангажман на шпанскиот стратег Хулен Лопетеги кој пак на „Олимпискиот“ стадион во Лондон сака со себе да доведе и „проверни“ фудбалери.

„Чекичарите“ се соочуваат со проблеми во нападот, бројните засилувања во минатото не се покажаа како вистински погодок па Лопетеги овој пат нема да ризикува и со себе ќе го доведе Јусуф ен Несири, пренесуваат англиските медиуми.

Лопетеги и сега 26-годишниот Мароканец имаа одлична соработка во минатото забележувајќи 115 натпревари заедно, а фудбалерот на Севилја е и во одлична форма со оглед на тоа што на 37 натпревари оваа сезона постигна 17 голови.

Покрај тоа Ен Несири влегува и во последната година од договорот со Севилја па Вест Хем Јунајтед нема да треба да го преплати Мароканецот. Според популарниот „Трансфермакт“ тој е вреднуван на 18 милиони евра.

Се вчитува...