Лорен Блан ќе седне на кормилото на Фенербахче?

Францускиот стратег Лоран Блан би можел да биде именуван за нов тренер на турскиот гигант Фенербахче. Тој е најсериозен кандидат за функцијата и раководството веќе отпочнало преговори за негов ангажман, јавуваат турските медиуми. Се очекува Блан да го предводи тимот во моментите кога ќе продолжи првенството на Турција кое е во премин поради коронавирусот.

Фенербахче е без тренер од почетокот на март, откако Ерсун Унал доби отказ поради лошите резултати. Лоран Блан е поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Франција, а ги предводеше и Бордо и Пари Сен Жермен.

Се вчитува...