Тотенхем во неверојатен натпревар на „Етихад“ успеа да го елиминира Манчестер Сити, откако загуби со 4-3, но имаше предност од 1-0 по првиот меч во Лондон. Имаше многу одлуки со ВАР-технологијата, беше признат голот на Фернандо Љоренте кој се покажа како клучен, а играше со рака при шутот за третиот погодок на Тотенхем. Во судиското продолжение не беше признат гол за Манчестер Сити поради офсајд позиција во која се најде Серхио Агуеро.
„Топката малку ми ја допре раката, но немаше намера. Не се обидував да ја удрам топката со рака и тоа мораше да биде гол. Ова беше луд натпревар, еден од најубавите моменти во мојата кариера. А, да не заборавиме дека имам освоено Светско и Европско првенство, трофеј во Лига Европа. Но, сега сме во полуфиналето на Лигата на шампионите“, изјави Фернандо Љоренте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА