Лорис: Зад секој добар тим стои врвен тренер

Хуго Лорис заврши одлична работа на голот на Франција, бранејќи го ударот на Алдерверелд во првото полувреме при резултат 0-0. Францускиот капитен повторно внесе сигурност во играта на „триколорите“, но Лорис скромен како и секогаш по мечот заслугите ги упати на адреса на селекторот Дидие Дешамп.

„Зад секој добар тим стои врвен тренер, а ние го имаме тоа во Дидие Дешамп. Да не заборавиме дека тој беше капитен на шампионската генерација, добро знае што значи да се биде на СП и како се победува на вакви натпревари. Секогаш е тука за нас да ни даде вистински совет во вистинско време, сите одигравме одлично, но заслугите одат на адреса на селекторот“ – изјави Лорис.

Синоќешниот натпревар беше вкупно 103. за голманот на Тотенхем на голот на репрезентацијата, со што тој го стигна на шестото место на оваа ранг-листа токму актуелниот селектор Дешамп.

Се вчитува...