Лос Анџелес на нозе: Леброн Џејмс пристигна во градот…

Првата ѕвезда на НБА лигата, Леброн Џејмс, одлучи и по вторпат да ги напушти редовите на Кливленд. Наредните денови и дефинитивно ќе биде позната неговата следна дестинација.

Главен фаворит за негов следен клуб е ЛА лејкерс. Тимот од градот на ангелите прави се како би стигнал до потписот на Леброн… Тоа го знаат и навивачите на „езерџиите“ кои дополнително се возбудени по вчерашното пристигнување на Џејмс во Лос Анџелес.

И покрај желбата, Леброн не успеа да се сокрие од новинарите. Според многумина ова е дефинитивно знак дека наредниве денови ќе потпише со Лејкерси. Иако, останува и фактот дека Леброн често знае да дојде во овој град каде е сопственик и на неколку луксузни вили.

Се вчитува...