Лоша вест од „Етихад“: Лирој Сане ги скина лигаментите на коленото

Англискиот првак Манчестер Сити останува без германскиот интернационалец Лирој Сане во претстојната сезона од Премиер – лигата. Тој ги скина лигаментите на десното колено на мечот од „Комјунити Шилд“ против Ливерпул. Поради ова откажан е и неговиот трансфер во Баерн Минхен, кој требаше да биде вреден 110 милиони евра.

Лирој Сане во наредните денови ќе замине на операција, а потоа го очекува и долг рехабилитациски процес до враќањето на фудбалските терени.

Се вчитува...