Лоша вест за Бостон – Ирвинг не се враќа сезонава

Бостон селтикс до крајот на сезонава ќе мора да се снаоѓа без помошта на својот најдобар кошаркар откако беше обелоденето дека Кајри Ирвинг ќе мора да го пропушти и плејофот, по повредата на коленото што го мачи веќе извесно време.

Врз Ирвинг неодамна беше извршена операција на левото колено и првите информации говореа дека тој би можел да се врати кон средината на плејофот. Сепак, последните детални прегледи покажале дека е неопходна пауза од неколку месеци.

Ова е огромен проблем за селтикси, кои се надеваат на атак на титулата, а моментно се наоѓат на второто место во Источната конференција со скор од 53 победи и 25 порази. Ирвинг во својата прва сезона во дресот на Бостон, по преселбата од редовите на Кливленд, има просек од 24,4 поени и 5,1 асистенции по натпревар.

Се вчитува...