Лоша вест за Ливерпул: Фирмино отпадна од комбинација за вечерашниот дуел на „Камп Ноу“

Бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино нема да биде во составот на Ливерпул на вечерашниот прв полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона на „Камп Ноу“. Тој не ги минал последните тестови и нема да биде во комбинација за настап кај менаџерот Јирген Клоп.

Тој најави дека Фирмино ќе игра само доколку е стопроцентно подготвен, а сега сепак е одлучено да биде сочуван за реваншот на „Енфилд Роуд“. Фирмино се жалеше на повреда на препоните, го пропушти мечот против Хадерсфилд во Премиер – лигата, но не успеа навреме да се опорави и за вечерашниот голем дуел  против Барселона на „Камп Ноу“.

Се вчитува...