Селекцијата на Словенија нема да настапи во најсилниот состав на дуелот со Македонија во Лигата на нации.
Селекторот Боштјан Цесар на стартот од подготовките пред четирите натпревари во Лигата на нации, доби лоши вести, нема да може да смета на Бенјамин Шешко, кој изминатиот викенд не играше за Манчестер Јунајтед, како и на Жан Залетел и Ник Прелец.
Шешко го пропушти натпреварот на Манчестер јунајтед во неделата поради здравствени проблеми, а извештаите од Англија сугерираат дека тој би можел да отсуствува од терените најмалку три недели. Деталните медицински прегледи на потколеницата, кои треба да се извршат во Англија, ќе обезбедат повеќе информации за неговата состојба.
Од настап отпаднаа и Прелeц и Залетел, исто така поради повреди. Селекторот Цесар, на нивно место ги повика Жан Целар и Јуре Балковец.
Словенија на стартот од Лигата на нации, првите два натпревари, против Шкотска и Македонија, ќе ги одигра на домашен терен, а потоа ќе следуваат две гостувања кај Швајцарија и Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
