Лоши вести и за Баерн и за Германија: Боатенг паузира до крај на сезоната, неизвесен и за СП

Германскиот првак Баерн Минхен дефинитивно остана без својот дефанзивец Џером Боатенг до крајот на сезоната. Тој синоќа го повреди бутниот мускул на дуелот против Реал Мадрид (1-2) во првата полуфинална пресметка од Лигата на шампионите.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека Боатенг не само што нема да биде способен за настап на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, туку за него е завршена целата сезона. Неизвесен е и за настап во селекцијата на Германија на Светското првенство во Русија.

Боатенг се повреди во 34.минута на вчерашниот меч, а ќе отсуствува најмалку шест седмици од фудбалските терени.

Се вчитува...