Лоши вести за Барса: Агуеро нема да може да игра во следните три месеци!

Серхио Агуеро нема да смее да игра во следните три месеци, откако во саботата мораше да го напушти теренот поради болки во градите, за да подоцна лекарите му евидентираат аритмија на срцето.

Агуеро помина 48 часа на детални прегледи во болницата, а по прегледот лекарите му предложија на Аргентинецот постепено да закрепнува во следните три месеци.

Агуеро ќе оди на специјални третмани и рехабилитација, кардиолозите особено ќе треба да ја следат работата на неговото срце, а засега е познато дека одлуката за неговото враќање ќе биде донесена по три месеци.

Сега никој не може да даде попрецизни информации, но можеби враќањето на теренот во овој случај не е толку важно колку што е важно здравјето на Кун.

Сите сè уште имаме свежи сеќавања за Кристијан Ериксен и случајот што ја одбележа оваа 2021 година, па затоа е важно Агуеро да биде во сигурни раце, под строг надзор на лекар.

 

 

 

Се вчитува...