Лоши вести за Гвардиола: Агуеро ќе паузира еден месец

Лоши вести за Пеп Гвардиола пред продолжението на настапите во Премиерлигата и Лигата на шампионите оваа сезона. Манчестер сити следниот месец ќе биде без услугите на Серхио Агуеро кој заработи повреда на гостувањето во Лондон против Вест Хем.

Агуеро ќе мора, според последните информации, да паузира околу еден месец.

„Ќе биде надвор од тимот три до четири недели, а би можело и повеќе. Ќе видиме. Секако ќе ни недостасува низ периодот во кој не чека многу напорен ритам“ – истакна Гвардиола.

32-годишниот офанзивец сезонава нема среќа со постојани повреди, но Пеп смета дека е многу важен за тимот па и тоа како ќе биде неопходен за продолжението од сезоната.

Се вчитува...