Ловрен ги нападна Хрватите кои пијат кафе – Засрамете се, немате мозок, немате…

Фудбалерот на Ливерпул, Дејан Ловрен се огласи на социјалните мрежи како би ја коментирал пандемијата и неодговорно однесување на луѓето во Хрватска.

„Немојте да бидете себични. Дали вие сфаќате колкав е проблемот и жртвата која ја прават медицинските лица? Луѓе што ви е? Ако за обичен преглед во Хрватска се чека по неколку месеци јасна ви е ситуацијата колку сме подготвени за корона. За жал нема доволно опрема. Срам може да ви биде на сите вас кои денеска ја прекршивте самоизолацијата. Нема ништо човечко во вас, немате мозок, немате образ, немате почитување, немате ништо. Додека другите за вас се фрлаат на глава вие само седите и пиете кафе. Срамота“, напиша Ловрен. 

 

Се вчитува...