Заврши германското првенство, со „хепи-енд“ за Борусија Дортмунд, која излезе во Лигата на шампионите. „Милионерите“ го фатија последниот воз, и на крајот завршија како четвртопласирани, иако на 12 кола до крајот на сезоната беа дури на 10. позиција на табелата.
На Борусија и требаше победа над Кил со два гола разлика за дефинитивен пласман во најелитното европско клупско натпреварување, а тие победија со 3-0. Гираси уште во 2. минута од пенал донесе предност, а во вториот дел Сабицер и Нмеча само ја запечатија победата и учеството во ЛШ.
Во ЛШ оди и тимот на Ајнтрахт, кој успеа со пресврт да слави во Фрајбург, и така да отиде во европската елита. Во еден момент Фрајбург имаше предност и тоа беше тимот кој беше блиску до ЛШ. Меѓутоа тимот од Франкфурт направи пресврт и славеше на крај со 1-3.
Во Европа се пласираше и тимот на Мајнц, кој успеа да победи со 3-2 против Баер Леверкузен, а Лајпциг да загуби на домашен терен од Штутгарт.
Во битката за опстанокот, Хаденхајм ќе игра бараж за опстанок, откако на домашен терен загуби од Вердер со 1-4. На Хаденхајм му требаше победа и пораз на Хофенхајм, но до тоа не дојде.
ГЕРМАНИЈА, БУНДЕСЛИГА 34. КОЛО
Аугсбург – Унион Берлин 1-2
Борусија М. – Волфсбург 0-1
Борусија Д. – Кил 3-0
Фрајбург – Ајнтрахт Ф. 1-3
Хаденхајм – Вердер 1-4
Хофенхајм – Баерн М. 0-4
Мајнц – Баер Л. 2-2
Лајпциг – Штутгарт 2-3
Ст. Паули – Бохум 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА