Дани Алвеш во петокот и официјално потпиша за Барселона откако неколку месеци беше без клуб. Бразилецот по пет сезони се врати на „Камп Ноу“ највеќе да му помогне на новиот тренер Чави Ернадез да го врати победничкиот дух во соблекувалната и тимот.
Ветеранот кој има 38 години треба да биде позитивно влијание врз младите ѕвезди на Каталонците.
Шпанските медиуми ја открија платата за која Бразилецот повторно ќе игра во Барселона. Тој ќе добива само 1 евро неделно од клубот. Ова е неверојтен потег на Алвеш, кој се согласил на ваков договор само за да му помогне на клубот, кој е во очајна финансиска состојба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА