Луд финиш на сезоната во Русија: Лидерот падна на третото место, титулата за Зенит

Зенит е тимот што излезе како апсолутен победник во лудата завршница од рускиот шампионат, откако титулата беше решена во последното коло од ова натпреварување.

Динамо Москва, кој ја чекаше првата титула од 1976 година, влезе како првопласиран во оваа последна рунда, но фудбалерите на Динамо потклекнаа на последната пречка, губејќи со 1-0 во големото дерби со Краснодар, кој беше третопласиран и со свои шанси во трката за шампионскиот трофеј.

За да стигне до него на Краснодар покрај победата му требаше и Зенит да не успее да слави на својот меч, на домашен терен со Ростов, а интересно е што во исто време кога Краснодар поведе против Динамо, и фудбалерите на Ростов го шокираа фаворитот во Санкт Петербург. Сепак, фудбалерите на Зенит успеаја да се вратат и да направат целосен резултатски пресврт со головите на Густаво и на Артур, за огромна победа што значеше и нова шампионска титула за „сино-белите“.

Се вчитува...