Луда среќа: Ливерпул го слави голманот на Шефилд

Ливерпул ја продолжи триумфалната низа во Премиер-лигата откако попладнево триумфираше со 0-1 на гостувањето против Шефилд Јунајтед, вкупно 16. победа во серија на тимот на Јирген Клоп во елитното англиско фудбалско друштво. „Црвените“ дојдоа до цел плен со многу среќа, откако домашниот голман им го подари голот за победа во 70. минута.

Очекувано,а ктуелните европски прваци имаа контрола над топката, но домашните дефанзивци одлично ги затворија приодите кон сопствениот гол. Садио Мане промаши две одлични шанси во првото полувреме, па Клоп беше принуден да тргне во тотална офанзива, вклучувајќи го Ориги на триото Салах – Мане – Фирмино.

Токму по центаршут на Ориги од левата страна една одбиена топка стигна до Вајналдун, кој шутираше од дваесетина метри, а домашниот голман Харисон со несмасна интервенција дозволи да му мине низ рацете и да заврши во мрежата. Салах имаше стопроцентна шанса да постигне и втор гол, Харисон го одбрани неговиот зицер, но Ливерпул сепак ја задржа предноста за седма опбеда во седмото премиерлигашко коло.

Се вчитува...