„Лудакот“ останува, навивачите молат и Алиоски да остане во Лидс!

Марсело Биелса останува уште најмалку една сезона во редовите на Лидс Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. По кратките разговори аргентинскиот стратег и клубот од Јоркшир вклучиле договор за продолжување на соработката што до некаде беше и очекувано по добрите резултати на Лидс оваа сезона.

Остануваат да бидат решение само формалности по што во текот на неделата се очекува и официјално соопштение, пренсува ‘Мирор’, но кога „Лудакот“ е во прашање се е можно, посебно ако се земе во предвид претоходното продолжување на договорот кој беше буквално 24 часа пред почетокот на сезоната и дуелот против Ливерпул.

Со оваа вест се поставува и прашањето дали стапките на Аргентинецот ќе ги следи и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој под водство на Биелса имаше беспрекорни години во Лидс. Алиоски оваа сезона одигра 36 натпревари на кои забележа три асистенции, а два пати постигна погодок во противничката мрежа.

Денеска се огласија и навивачите на Лидс кои повикаа клубот по секоја цена да го задржи македонскиот репрезентативец.

„Алиоски игра одлично, целосно е во функција на тимот. Таков играч секој тим посакува. Задржете го Алиоски“ – порачаа навивачите на Лидс.

За Алиоски сериозен интерес постои од Галатасарај. Претходно и Марсело Биелса порача дека сака во редовите на Лидс и следната сезона да го има Алиоски.

Се вчитува...