ЛУДИЛО: Алисон Бекер со гол во 94. минута го урна „комплексот Алардајс“ на Јирген Клоп

Ливерпул си ги задржа шансите за пласман во Лигата на Шампионите по неверојатната завршница на гостувањето против ВБА, на кое „црвените“ славеа со 1-2 со голот што во 94. минута го постигна нивниот голман Алисон Бекер. Гостите го изведоа последниот корнер на мечот, Алисон се пресели во противничкиот шеснаесетник и со извонреден удар со глава го совлада домашниот голман, з за огромна радост на Јирген Клоп и сите негови избраници.

Воедно, ова беше прва победа на Клоп против Сем Алардајс, откако германскиот стратег беше без радост на досегашните пеет пресметки со поранешниот англиски селектор.

Вет Бромвич веќе е испаднат од Премиер-лигата, но тимот од Бирмингем одигра добар меч и прв поведе преку Робсон Кану. Ливерпул уште во првото полувреме израмни преку Салах, а потоа по промашувањата во вториот дел на Салах, Александер Арнолд, Мане и на Тијаго, токму голманот Алисон беше херојот на „црвените“ за оваа супер-значајна победа.

Ливерпул е петтопласиран со 63 бода, Лестер е трет со 66, Челси на четвртото место со 64, но овие два тима во следната рунда ќе играат еден против друг, што е одлична можност за тимот на Јирген Клоп со победа на гостувањето против Барнли да престигне еден од нив.

Се вчитува...