Лудило на Ролан Гарос: Девојка влета на теренот и се заврза за мрежата

Второто полуфинале во машка конкуренција во Ролан Гарос меѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ го одбележа сериозен пропуст на обезбедувањето, откако една девојка влета на теренот и успеа експресно да се заврзе за мрежата, по што дојде до прекин на мечот.

Двајцата тенисери останаа во шок од она што се случи за само неколку секунди во третиот сет од дуелот, поради бавната реакција на обезбедувањето.

Судијата ги испрати Руд и Чилиќ во соблекувалните се до расчистување на ситуацијата, a по десетина минути двајцата тенисери се вратија на теренот и мечот ќе продолжи.

Се вчитува...