Вистински неверојатен меч во Атланта во осминафиналето на Светското првенство 2026. Бранителот на титулата, Аргентина се до 80. минута имаше негатива од 0-2 во пресметката со Египет, а потоа три гола за 12 минути и неверојатен пресврт од 3-2 за пласман на „гаучосите“ во четвртфиналето.
Египќаните имаа водство по првиот дел од 1-0 со голот на Ибрахим во 15. минута.
А, Египет се до 79. минута можеше да прославува место во четвртфиналето на Светското првенство 2026 по водството од 2-0 против „гаучосите“.
ВАР-системот поништи и гол на африканската селекција. Зико погоди во 58. минута за предност и од 2-0 на Египет. Но, веднаш потоа реагираше ВАР, па главниот судија го поништи голот поради прекршок во напад на Египќаните…
Сепак, феноменална акција на Египет во 67. минута и гол на Зико, кој овој пат ниту ВАР не можеше да го поништи.
Но, потоа следеше погодокот на Ромеро во 79. минута за 1-2…
Лионел Меси се разбуди, по промашениот пенал, и во 87. минута израмни на 2-2.
А, кога се очекуваше продолженија, во втората минута од судиското продолжение, Фернандез мајсторски погоди со глава за 3-2 и пласман на Аргентина во четвртфиналето каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Швајцарија и Колумбија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
