Лудило во Мадрид: Валенсија водеше 0-2, Атлетико направи пресврт во судиското надополнување (ВИДЕО)

Уште еден луд пресврт на терените низ Европа, после оној на Тотенхем против Лестер. Вечерва во Мадрид се случи нешто слично, откако Валенсија „прокоцка“ водство од 0-2. Атлетико направи пресврт, и тоа во судиското надополнување, и на крајот победи со 3-2.

Валенсија поведе преку Муса во 25. минута, а Дуро во 44. минута донесе нов шок за Атлетико, и негатива од 0-2.

Во вториот дел Куња во 64. минута успеа да намали. Водството на Валенсија траеше се до 91. минута кога Кореа постигна гол за израмнување по лошата реакција на голманот Доменек. Но, тоа не беше се. Две минути подоцна, во 93. минута по додавање на Куња, Ермосо постигна гол за целосен пресврт.

Следуваше прегледување на ВАР, па потоа и црвени картони на клупата, но на крајот Атлетико успеа да дојде до победата. Натпреварот беше нервозен од двете страни, со 11 ѓолти картони.

Се вчитува...