Одличниот старт во Лигата на нации, предизвика фудбалска грозница кај нашиот јужен сосед, Грција.
Грците во првите два натпревари кои ги играа на гостински терен остварија две победи, и во наредните два дуели во октомври ќе ги игра пред своите гледачи, и едно е сигурно, трибините ќе бидат исполнети до последно место.
Грците на стартот од новото издание во Лигата на нации во А дивизијата, во Белград со 2:1 ја совладаа Србија, а синоќа во Аугсбург ја шокираа Германија победувајќи ја со 1:0 и по две кола е лидер на табелата со шест освоени бодови, пред Холандија која има четири, Германија има еден, а Србија е без освоен бод.
Според грчките медиуми, за натпреварите кои ќе се играат на стадинот „Тумба“ во Солун, веќе има повеќе од 100.000 барања за билети.
Капацитетот на стадионот „Тумба“ изнесува само 29.000 седишта.
Грција на први октомври ќе игра против Холандија, а само три дена подоцна, на истиот стадион ќе ја пречека и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
