Луис Фиго: Поздрав за Неготино, поздрав за Македонија, Реал ќе слави во финалето на ЛШ

Легендата на европскиот фудбал, Луис Фиго, преку видео-порака за македонската фан-група на Реал Мадрид ги поздрави сите приврзаници на „кралскиот клуб“.

„Поздрав. Посакувам убави работи за Неготино и за Македонија“, ги поздрави Фиго Македонците кои се дел од оваа фан-група.

Воедно, Португалецот даде и своја прогноза за претстојното финале во Лигата на Шампионите, во кое очекувано верува во триумф на Реал Мадрид.

„Ливерпул исто така е голем тим, но Реал Мадрид ќе ги победи во финалето од ЛШ“, оптимист е Фиго.

Се вчитува...