„Луис Хамилтон е поголем од Формула 1“

Поранешниот прв човек на Формула 1 Берни Еклстоун вели дека Луис Хамилтон е поголем од спортот. Британецот е еден од најуспешните возачи во историјата, а во мометон се наоѓа на само една титула од рекордот на Михаел Шумахер (7).

„Тој е поинаков од сите други. Прва класа. Тој е поголем од Формула 1. Нема ништо лошо од тоа да имате своја модна линија и рапери за пријатели. Тој е во позиција во која може да разбуди некои луѓе од нашиот спорт кои во моментов спијат“, изјави Еклстоун. 

Хамилтон ќе има шанси да го израмни рекордот на Шумахер, но ситуацијата ов Формула 1 шампионатот е компликувана поради коорнавирусот и откажувањето или одложувањето на првите 10 трки од сезоната. Опција за старт на првнеството е Австрија на почетокот на јули.

Се вчитува...