Луис Суарез ја завршува кариерата!?

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез размислува да ја заврши кариерата. 36-годишниот голгетер може да се откаже поради проблемите со коленото, поради кое болките му станале неиздржливи, тврдат бразилските медиуми.

Напаѓачот на Гремио наводно ќе се обрати на јавноста и ќе образложи дека се откажува од играњето на фудбал. Суарез има сериозни проблеми со коленото, и тоа придонело за оваа одлука.

Иако имаше комбинација да замине кај Лео Меси во Интер Мајами, сепак, се чини тоа нема да се случи. Во минатото играше за Барселона, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Ајакс и Гронинген. Досега има одиграно 772 професионални натпревари во кои постигна 474 голови. За репрезентацијата одигра 137 меча и постигна 68 гола.

Се вчитува...