„Лука Јовиќ покажа дека е дрво во Реал Мадрид!“

Колумнистот на шпански „Диарио Спорт“, Алехандро Алкасар го нападна српскиот фудбалер Лука Јовиќ поради неговите лоши настапи во екипата на Реал Мадрид. Србинот досега има постигнато само еден гол на 15 натпревари за „кралевите“, а тоа е малку за голгетер каков што му е потребен на лидерот во шпанската Ла Лига.

Новинарот му се налути на српскиот напаѓач поради неговата пасивност во дуелите со Елче во шпанскиот Куп, а потоа и во Ла Лига, кога Реал Мадрид се спаси од пораз (2-2).

„Во тимот на Анчелоти постојат неколку фудбалери од кои се очекува повеќе, но од тие кои најмногу ме лутат е српскиот напаѓач. Јовиќ веќе трета сезона е во клубот и во моментов е дрво, зашто не може да постигне гол“, потенцираше Алкасар.

Се вчитува...