Лукаку и Кансело на списокот на желби на Антонио Конте

Челси чекори победнички кон нова шампионска титула во Премиер – лигата, а менаџерот Антонио Конте паралелно веќе размислува и за ангажман на нови засилувања во летниот преоден рок. Медиумите на Островот го најавуваат Алваро Мората како следно засилување на напаѓачката позиција, но Конте размислува сериозно за враќање на Белгиецот Ромелу Лукаку на „Стемфорд бриџ“.

Робусниот напаѓач замина во Евертон затоа што не успеа да се докаже во Челси, но во новиот клуб блеска во полн сјај покажувајќи го својот голгетерски инстинкт. За него италијанскиот стратег е подготвен да плати 90 милиони евра во летниот преоден рок.

Втората цел на Челси е Жоао Кансело, десниот бек на Валенсија. По заминувањето на Бранислав Ивановиќ во Зенит, сега Антонио Конте има помалку опции и за десната бековска позиција, па интервентно ќе купува веќе на лето таков формат на фудбалер.

Се вчитува...