Лукаш Леива дојде во Лацио, како замена за Лукаш Билја

Бразилскиот интернационалец Лукаш Леива е ново засилување за италијанскиот калчолигаш Лацио. Тој доаѓа како замена за Аргентинецот Лукаш Билја, досегашниот капитен на „лацијалите“, кој се пресели во редовите на Милан.

Лукаш Леива цели десет сезони беше дел од Премиер – лигата, го носеше дресот на Ливерпул, а на „Олимпико“ доаѓа за сума од 5 милиони евра. Тој треба да ја пополни позицијата последен играч за врска, која во тимот на Лацио изминатите сезони ја играше токму Билја.

Се вчитува...