Европската бајка на Ајакс заврши на трагичен начин, а бескрупулозен беше бразилскиот фудбалер Лукаш Моура кој со хет – трик го одведе Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите. Закажано е англиско финале против Ливерпул на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни, битка за најпрестижниот европски трофеј. Тотенхем направи неверојатен пресврт и по два гола негатива во првиот дел, Лукаш Моура постигна три погодоци во мрежата на Ајакс, скаменувајќи го холандскиот тим на „Јохан Кројф арена“. Ајакс имаше предност (0-1) по првиот меч во Лондон, и дополни уште два по првото полувреме во Амстердам, но на крајот нема да игра во големото финале.
Матијс де Лихт во петтата минута го доведе Ајакс во водство, а холандскиот тим помисли дека се е завршено по голот на Хаким Зијеч за 2-0 во 36.минута. Но, Тотенхем успеа да ја врати незвесноста и возбудата во вториот дел.
Бразилецот Лукаш за четири минути го врати Тотенхем во игра со два гола. Во 55.минута намали на 2-1, а потоа го израмни резултатот. На англискиот состав му беше потребен уште еден гол за пласман во финалето, а Фертонген можеше да го постигне во 87.минута, кога ја погоди гредата. Ајакс преживеа во тие моменти, но не и во судиското продолжение, кога Лукаш Моура со трет гол го трасираше патот на Тотенхем кон финалето на Лигата на шампионите.
TOTTENHAM HAS DONE IT!!! ???
Lucas Moura scores 6 minutes into stoppage time and the Spurs are headed to the Finals!
(? via: @brlive)pic.twitter.com/Ln9uoq7sRa
— FOX Soccer (@FOXSoccer) May 8, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА