Лукашенко за белоруските хокеари: Безрбетници!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги нарече репрезентативците во хокеј од оваа земја „безрбетници“, откако не успеаја да се пласираат во завршната фаза на Светското првенство.

Лукашенко им рекол на владините челници дека на белоруските хокеари им недостасуваат амбиции, дека „воопшто не се посветени“ и дека се „апсолутни безрбетници“.

„Работата на тренерите е одвратна, и сето тоа мора да се корегира“ – се пренесуваат ставовите на Лукашенко на официјалниот сајт на претседателот на Белорусија.

Белорусија победи на два од вкупно седум натпревари на Светското првенство овој месец, завршувајќи на претпоследната позиција, но успеа да избегне испаѓање во понизок ранг на натпреварување.

Лукашенко, кој и самиот играл хокеј, тврди дека овој спорт е како идеологија за Белорусија и секој мора да биде максимално посветен на него.

Се вчитува...