Фудбалерите на ЛУКОИЛ се победници во годинашното издание на Бизнис лигата на Македонија.
Во финалето на Бизнис лигата, Лукоил славеше против екипата на ЈСП со 6-4(3-2), стигнувајќи на крајот сосема заслужено до трофејот во ова натпреварување. Во финалниот меч, тимот на Лукоил во раната фаза од натпреварот дојде до водство по што следеше офанзива од страна на ЈСП преку која дојде до водство. Мартин Алаѓозовски ја превзеде одговорноста и направи целосен пресврт и на полувремето, сепак Лукоил, замина со предност од 3-2.
Во второто полувреме екипата на Лукоил прикажа апсолутна доминација и со одличен фудбал стигна до предност од дури три гола.
Во натпреварот за 3. место, Рамстор славеше против ЕЛЕМ со 7-5 (2-1).
Првото полувреме помина во нешто позатворен фудбал иако екипата на ЕЛЕМ настапуваше со препознатлив состав и голман играч во нивните редови. Рамстор успеа да стекне предност и со одлична игра успеа да ја задржи, па на полувремето се отиде со 2-1 во полза на Рамстор. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа резултатски да се приближи но Рамстор во своите редови го имаше вечерва расположениот Михрем Мемед кој со три гола му го донесе бронзениот медал на својот тим.
[new_royalslider id=”663″]
ФИНАЛЕ
ЛУКОИЛ – ЈСП 6-4 (3-2)
Лукоил: Дејан Зиков 3’ Мартин Алаѓозовски 16’ 17’ Жарко Климкаров 27’ Љупчо Апостоловски 28’ Владимир Секулоски 30’
ЈСП: Марјан Србиновски 13’ Љупчо Павловиќ 14’ Томи Петковски 33’ Давор Калиновски
НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО
РАМСТОР – ЕЛЕМ 7-5(2-1)
Рамстор: Зеко Ковачи 16’ Ведат Арслан 19’ 36’ Михрем Мемед 29’ 33’ 40’ Ибрахим Бекир 40’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 20’ Антонио Ничевски 23’ Влатко Петровски 28’ Синиша Ковачевиќ 29’
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА