Луксембург остана без селектор пред дуелот со Македонија

Репрезентацијата на Луксембург која е следен противник на ракометната репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2024 му врачи отказ на српскиот стратег Никола Малешевиќ.

Тој во во 2018 застана зад кормилото на репрезентацијата на Луксембург, а во пресрет на квалификациите и го продолжи договорот, заработи отказ.

Луксембург беше поразен на двата натпревари со Турција. На домашен терен минимално со гол во последната секунда (29-30), а на гости поразот беше убедлив (20-31). По ова Луксембург ги загуби шансите да биде на третото место, а нивната федерација сметаше дека имале поголем потенцијал од ова и го раскина договорот со Малешевиќ.

Привремено решение на клупата на Луксембург ќе биде досегашниот спортски директор Маик Хандчке. Тој ќе ја води екипата на дуелите со Македонија и Португалија како привремено решение пред да биде назначен нов селектор.

Се вчитува...