Љупчо Марковски – Калц ќе го води Тетекс?

Искусниот тренер и доскорашен шеф на стручниот штаб на Работнички, Љупчо Марковски – Калц е пред враќање на тренерската работа. Според информациите на ЕКИПА, тој има големи шанси низ пролетниот дел да седи на кормилото на Тетекс. Претходно Марковски беше тренер на Скопје, а беше и тренер на младинските категории на Вардар.

Тетекс вчера доби нов Управен одбор, од кого се очекуваат стабилизација на екипата во пролетниот дел, и изборување на опстанокот во втората лига.

Од тука најавени се и неколку засилувања, пред се со прволигашко искуство. Еден од оние кои се споменува како ново име е искусниот Христијан Кировски, кој пред неколку дена не е дел од Скопје.

Се вчитува...