Маестрален пресврт на Ивановски за второ коло на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на неверојатен начин се пласираше во 2. коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон, откако по пресврт со 2-1, по сетови 3-6, 6-4 и 6-2 го победи домашниот тенисер Лука Поу.

Ивановски слабо го отвори натпреварот и Британецот со два брејка успеа лесно да стигне до првиот сет добивајќи го 3-6. Нашиот тенисер со брејк го отвори вториот сет, но следеше нов пад по кој Поу имаше предност од 2-4. Како овој резултат да го изнервира нашиот тенисер па со четири гема во низа успеа да израмни на 1-1.

Фуриозната игра продолжи и во последниот сет кој го доби со 6-2 за конечните 2-1. Во второто коло Ивановски ќе игра со подобриот од дуелот меѓу 11. носител, Мекиканецот Пачеко-Мендез и Белгиецот, Базиле.

Се вчитува...