„МАЕСТРО ЕНИС БАРДИ“ – Болен влезе од клупа и со ремек дело донесе триумф за Леванте! (ВИДЕО)

Уште еднаш Шпанија и Европа ја видоа моќта за изведување слободни удари на маестро Енис Барди!

Иако, поради болест изминативе денови пропушти дел од тренинзите на тимот, а на дуелот против Гетафе влезе во игра во 46. минута на крајот е херојот за Леванте.

Со вистинско ремек дело од 30 метри, директно од слободен удар, во 60. минута на крајот донесе победа од 0-1 за својот тим на гостувањето во Мадрид…

По оваа победа Леванте со 10 бода дојде на делба на деветтата позиција на табелата во Ла Лига.

Се вчитува...