Маестро Модриќ – Русите без одговор за хрватскиот генијалец

Лука Модриќ одигра уште еден извонреден натпревар, потврдувајќи ја вонсериската класа и на вечерашната пресметка со Русија.

Тој го диктираше темпото на игра на својата селекција, во текот на мечот по замените на Далиќ во неколку ситуации ја менуваше и позицијата, но беше извонреден „диригент“ на хрватскиот фудбалски оркестар вечерва во Сочи.

Статистиката вели дека тој освоил дури 15 топки, што е израмнување на рекордот на овој мундијал (иста бројка имаше и Марсело во првото коло против Швајцарија), а згора на тоа Модриќ стана првиот хрватски фудбалери со над 100 обиди за додавање (вкупно 102, од нив 89 успешни).

На крајот, во пенал-рулетот тој со многу среќа ја смести топката во мрежата, но Модриќ тоа дефинитивно го заслужи со она што го прикажа во текот на 120-те минути во кои на руските играчи за врска им држеше час по модерен фудбал.

Се вчитува...