Магдебург остана без важен играч, па потпиша со екс-ракометар на Металург

Магдебург е принуден на нови промени во играчкиот кадар откако актуелниот првак на Германија остана без помошта на Омар Инге Магнусон.

Исландскиот десен бек заработи незгодна повреда поради која ќе мора да замине на операција, а првичните прогнози се далеку од добри, па се прогнозира дека Магнусон би можел да се врати на терените дури на стартот на наредната сезона.

Во таква ситуација, раководството на Магдебург беше принудено да доведе нов десен бек, а изборот падна на Црногорецот Владан Липовина. Поранешниот ракометар на Металург потпиша договор до крајот на сезонава доаѓајќи од редовите на Вецлар, каде немаше позначителна минутажа, но ќе се надева на позначајна улога во тимот во таборот на актуелниот првак на Бундес-лигата.

Се вчитува...