Магдевски и Плоешти им се вратија на победите во романскиот шампионат

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски и неговиот Плоешти им се вратија на победите во домашниот шампионат. По двата порази во низа, Плоешти денеска на домашен терен славеше над Меркуреа со убедливи 79-65.

Уште од самиот старт домаќините уфрлија во повисока брзина и по десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност (26-16). Гостите заиграа далеку подобро во вториот период и на пауза заминаа со негатива од седум поени (42-35).

Магдевски и соиграчите одиграа одлично во одбраната во третиот период во кој ги разрешија сите дилеми околу победникот бидејќи по три четвртини од натпреварот имаа огромни 60-42. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 79-65.

Магдевски имаше скромна партија завршувајќи го натпреварот со два поени, надополнети со три  асистенции и три скокови.

Се вчитува...